Малку бизарно – или многу? Кортни Кардашијан го шокираше светот со начинот на кој му покажува љубов на своето ново момче

20 јуни, 2021
323387_profimedia0616080628_ff

Во низата нивни чудни постапки, се истакна последната – а можеби и најбизарна

Најстарата сестра на славниот клан Кардашијан-Џенер, Кортни Кардашијан, влезе во врска со тапанарот на групата Блинк 182, Тревис Баркер, пред неколку месеци.

Иако со години беа само пријатели, меѓу нив се роди љубов и тие првично се криеја од јавноста. Сепак, сега се поотворени и честопати се мета на папараците. Кортни не се срами да му покаже љубов на својот партнер на најнеобичен начин, а многумина коментираат дека нејзиното однесување сега е сосема поинакво.

Двајцата честопати имаат малку бизарни испади на социјалните мрежи, како кога Тревис и го честиташе роденденот со видео во кое му го цица палецот, а тоа е само една од низата активности што ги шокираа следбениците.

Кортни сега отиде чекор подалеку, па сподели фотографии од ампула со крв на Инстаграм, на која е напишано името на нејзиното момче Тревис Баркер со црн фломастер, со датумот на неговото раѓање, 14 ноември 1975 година.

escort - Korsan taksi