Малта во центарот на малку посериозен евровизиски скандал

29 мај, 2021
168962733260b0bb5b3d58b249952771_v4_big

По скандалот што изби на Евровизија за сомневањата дека има консумирање кокаин во зелената просторија за време на финалето на ова натпреварување, Малта е потресена од малку посериозни немири поради овогодинешниот претставник на оваа земја, 18-годишната Дестини.

Нивната претставничка Дестини со песната „Je Me Casse“ со недели беше на врвот во обложувалниците, а во саботата беше пречекана од студен туш и доби мизерни 47 поени од гледачите.

Така Дестини стана најголем губитник на Евровизија и на многумина не им беше јасно зошто со недели беше на врвот и на крајот доби толку малку гласови. Разликата помеѓу бројот на оние кои се обложиле на Малта и гласовите на публиката сега може да стане појасна.

Локалните медиуми јавуваат дека пред изборот за песна на Евровизија, Малта потрошила повеќе од 650 илјади евра за промоција на својата песна и изведувач.

Министерството за внатрешни работи нареди ревизија на трошоците поради сомневање дека добар дел од парите биле потрошени на обложувалници. Се сомнева дека Малтежаните биле одговорни за промоција на изведувачот, а песната била финансирана од странци, кои потоа се обложиле на Малта на Евровизија.

„Times of Malta“ денес објави напис под наслов „Je Me Cash“ во кој се наведуваат сомневањата дека јавната телевизија ги злоупотребила парите на даночните обврзници и ги навела како облог на свој претставник.

Министерот Кармело Абела нареди ревизија на трошоците откако доби извештаи дека дел од доделениот буџет за десетдневниот настан бил искористен за обложување на претставникот на Малта.

Малта беше рекламирана на Фејсбук, Твитер и Инстаграм, а ангажирани беа странски влијатели за нејзино промовирање.

Дури 350.000 евра беа издвоени за промоција од Малтешкиот туристички одбор, а дополнителни 300.000 евра беа обезбедени од јавниот сервис. Се проценува дека оваа сума веројатно ќе се искачи на околу 700.000 евра.

Извори велат дека еден инсајдер на ПБС (јавниот сервис на Малта) веќе неформално признал дека дел од буџетот за маркетинг бил потрошен за финансирање на странски државјани кои се обложиле на Дестини за да победи на натпреварот.

Малта со недели беше на врвот на обложувалниците, а потоа нејзините шанси беа намалени откако Италијанците и Швајцарците ги објавија своите изведувачи.

Да потсетиме, победата на овогодинешното музичко натпреварување во Ротердам ја однесе Италија.