„МЕ МОЛЕШЕ ДА НЕ ГО ТЕПАМ“: Го фатил Бред Пит издрогиран во измама со жена му! Приказна за која и денес се зборува…

13 мај, 2021
rs_1024x759-140417160844-1024-brad-pitt-then-and-now.ls.41714

Животите на славните постојано се мета на медиумите, а нивните љубовни врски секако се нешто што целиот свет внимателно го следи. Разводите и измамите стануваат скоро вообичаена работа, а за нивните работи се пишува со месеци и години, некои дури и со децении.

Така, овие денови, една приказна која кружи на социјалните мрежи, повторно влезе во јавниот интерес, а тоа се случио пред скоро 30 години. Главни протагонисти на оваа приказна се актерот Бред Пит и поранешниот боксер Мајк Тајсон.

Тајсон се осврна на целата приказна, малку скандалозна, малку смешна, пред девет години во една радио емисија, но дури неодамна го доби заслуженото внимание. Поранешниот боксер мисли сè најдобро за актерот Бред Пит, иако еднаш го фатил во спалната соба на неговата сопруга.

Мајк Тајсон ги раскажа деталите за овој непријатен настан како гостин во една телевизиска емисија. Во тоа време, тој започнуваше постапка за развод со неговата тогашна сопруга Робин Гивенс и се подготвувал да оди кај адвокат да поднесе барање за развод.

Убавата Робин тогаш го обвини Тајсон за семејно насилство, а тој тврди дека таа била со него само поради парите.

Сепак, тој решил да ја посети сопругата за последен пат и евентуално да ги испегла односите. Но, она што го нашол во домот што некогаш го споделуваа, го оставило без зборови.

bred pit

Мајк вели дека ги фатил нив и славниот актер пред сексуалниот чин, но дека му било јасно што ќе се случи ако не се појавeл. Тој додаде дека Пит се замрзнал кога го видел, што воопшто не изненадува.

  • „Кога ме виде – се претвори целосно блед. Јасно можеше да се види дека тој пиел некои лекови, и тој почна да ме моли да не го удирам“ – изјави поранешниот шампион на рингот.

Боксерот беше во брак со Робин само една година од 1988 до 1989 година, по што таа кратко се забавуваше со Пит, кој наскоро ја замени со Џенифер Анистон. Тој ја напушти, по пет години, поради неговата сега веќе поранешна сопруга Анџелина Џоли.

Сега, скоро 30 години подоцна, Тајсон вели дека Пит е добро момче и нема ништо против него.