„Ме силуваше со часови, сакаше да ми ги свари ребрата и да ги изеде!“ Нов СКАНДАЛ – жена откри ШОКАНТНИ ДЕТАЛИ за популарниот АКТЕР (ВИДЕО)

21 март, 2021
424911_bez-naslova_f

Полицијата во Лос Анџелес од 3 февруари го истражува американскиот актер Армиј Хамер за наводно силување

Ефи, жена која не сакаше да го открие нејзиниот вистински идентитет, на почетокот на јануари за првпат упати обвиненија против ѕвездата на филмот „Скриена љубов“, велејќи дека актерот ја злоупотребувал сексуално и физички четири часа во април 2017 година.

Таа ги изнесе своите обвинувања на прес-конференција во четвртокот, каде се појави со адвокатката Глорија Алред. Според Ефи, двајцата биле во бурна врска четири години, во времето кога актерот бил оженет со Елизабет Чемберс.

– На 24 април 2017 година, Арми Хамер насилно ме силуваше четири часа во Лос Анџелес, удирајќи ми ја главата неколку пати во ѕидот, и добив сериозни повреди на лицето. За време на таа четиричасовна тортура, се обидов да избегам, но не успеав. Мислев дека ќе ме убие. Кога заврши со изживувањето, тој само си замина. После тоа, живеев во страв со месеци. Тој човек ме уништи во секоја смисла, рече Ефи.

Ендру Бретлер, адвокатот на актерот, ги негираше сите нејзини обвинувања.

– Преписката на Ефи со господинот Хамер ги негира сите нејзини неверојатни обвинувања. Во јули минатата година, Ефи му испрати пораки во кои му кажува што би сакала тој да прави со неа. Хамер одговори со тоа што многу јасно ѝ каа дека веќе не сака да има таков однос со неа “, се вели во изјавата на адвокатот.

– Г-дин Хамер никогаш немаше намера да ги открива нејзинте фетиши или други чудни сексуални желби, но сега ситуацијата ескалира на друго ниво. Хамер знае дека вистината е на негова страна и сака работите да се решат. Од првиот ден, г-дин Хамер се обиде да ги обезбеди сите негови интеракции со Ефи, како и со кој било друг сексуален партнер, да бидат целосно консензуални и да вклучуваат претходни договори и меѓусебно учество. Нејзиното барање за внимание и несовесните правни постапки само ќе го отежнат животот на сите вистински жртви на сексуално насилство да се борат за правда – се наведува во изјавата на адвокатот објавена од магазинот „People“.

После Ефи, некои други жени излегоа во јавноста со обвинувања против Хамер, како што е манекенката Пејџ Лоренц, која тврдеше дека тој бил насилен за време на нивната врска, која започна како консензуална врска со БДСМ.

„Ми рече дека сака да најде лекар кој ќе ми извади неколку ребра, бидејќи сакаше да ги продими, да ги готви и да ги изеде“, рече Пејџ.

Адвокатот на актерот ги отфрли и овие обвинувања.

Инаку, Ефи, која живее во Европа, рече дека се запознала со Хамер преку Фејсбук во 2016 година и дека се вљубила во него.

Актерот, кого жените го обвинуваат за силување и насилно однесување, потекнува од богато семејство, а се прослави во филмовите „Социјална мрежа“ и „Скриена љубов“.

Тој го изгуби учеството во два холивудски проекти поради обвинувања за силување и физичко насилство.