„Медена“ куќа: Реновиран домот на Атиџе – еве како изгледа сега (фото)

1 март, 2021
atidze

Атиџе Муратова која публиката ја запозна преку „Медена земја“ односно нејзината животна приказна, деновиве  во своето во село Дорфулија имаше убав повод за славење.

Имено, нејзината куќа во која ќе живее е потполно реновирана и благодарение на Сузана Турунџиева и нејзините хумани луѓе куќата доби потполно нов лик.

Сузана која последната година е добра пријателка со Атиџе објави низа фотографии и откри дека реноиврањето на домот на македонската хероина е во завршна фаза.

„ Градежните работи во куќата на Атиџе дојдоа во финална фаза. Огромна благодарност до сите добри луѓе кои на иницијатива на Мариа Дудаи нејзиниот сопруг станаа дел од големата донаторска мисија на која спонтано се приклучивме многу луѓе (од целиот свет) со една единствена цел – да и овозможиме достоинствен живот на Атиџе и да ја направиме среќна! Ви благодариме“, напиша  Турунџиева.

Атиџе доби и торта со илустрации од „Медена земја“.

Хероината од „Медена земја“ е пресреќна поради реноивањето и наскоро ќе може да ужива и да се радува на убавите моменти во својот нов дом.

Во видеото подолу погледнете како претходно изгледаше домот на Атиџе.

escort - Korsan taksi