Меган Фокс, Ирина Шајк, Парис Хилтон …. Познатите дами воодушевија со СТАЈЛИНЗИТЕ на отворањето на познатиот козметички БРЕНД

12 септември, 2021
Screenshot 2021-09-12 150557

Овие убавици не ги пропуштаат настаните поврзани со модата и козметиката, а нивниот изглед привлекува големо внимание.

Вчерашниот ден го одбележа собирот на познати дами во Њујорк, каде присуствуваа на отворањето на новата продавница на козметичкиот бренд „Revlove“ во галеријата на трговскиот центар.

Меган Фокс, Сара Сампајо, Парис Хилтон, Ирина Шајк беа најзначајните јавни личности, како поради убавината, така и поради нивната фантастични стајлинзи што ги избраа за овие фотографии и јавни настани.

Овие убавици се познати како љители на брендови за шминка, мода и козметика, а „Revlove“ се смета за еден од подобро рангираните во светот.

Меган Фокс се одлучи за пастелна комбинација, беж панталони, кошула, сандали, специфична чанта и бела, едноставна маица, а мислењето на публиката е дека таа била најубава и најсофистицирано облечена.

Манекенката Сара Сампајо се одлучи за летен стајлинг, па заблеска во бел, долг фустан кој ги откри нејзините колкови, додека Парис Хилтон сакаше да биде позабележителна, па избра црн комплет од памук и кожа.

Ирина Шајк пристигна во целосно црн стајлинг, лежерниот, широк фустан и мартинките беа полн погодок, а минималната шминка и залижаната фризура оставија впечаток дека убавата Русинка има самодоверба.