Меган и Хари налутија многумина со своето однесување во Њу Јорк, едно нешто што всушност го прават не му е јасно на никого!

7 октомври, 2021
Screenshot_1

Принцот Хари и неговата сопруга во неодамнешната посета на Њу Јорк налутија многумина затоа што се откажаа од сите кралски должности, а се однесуваат како да сѐ уште се полноправни членови на кралското семејство.

Принцот Хари и Меган Маркл, наводно, никогаш повеќе нема да го претставуваат британското кралско семејство и покрај тоа што официјално се однесуваат како ништо да не се случило. Американскиот „The Sun“ пренесува дека војводата и војвотката од Сасекс разгневиле многу членови на славното семејство за време на последната посета на Њу Јорк.

„Меган и Хари веќе не се активни членови на британското кралско семејство и не го претставуваат на кој било начин. Тие јасно ставија до знаење дека сакаат да водат приватен живот подалеку од камерите и фотографите, а сепак да ја нарушат нивната приватност”, кралскиот биограф коментираше во една радио емисија.

Славната двојка, според него, ја користи својата популарност стекната поради кралското семејство за сосема различни цели, и откако потпишаа милионски договори со Netflix и Spotify, се однесуваат како да не ги напуштиле сите кралски должности минатата година. Тие го шокираа семејството на Хари и целиот Свет кога ја објавија бомбастичната вест дека одат во САД и дека повеќе не сакаат да имаат никаква врска со Обединетото Кралство, а сега се однесуваат како да се на службена должност.

За време на нивната посета на Њу Јорк, тие посетија голем број политичари, одржаа неколку говори за пандемијата на коронавирусот и се однесуваа како да го претставуваат британскиот дворец. Меѓутоа, додека тие парадираа пред камерата, многу луѓе забележаа еден детал поради кој медиумите објавија дека имаат целен план за нивното патување.

Британските медиуми објавија дека Хари и Меган всушност ја снимиле целата нивна посета и дека ќе ги користат снимките за документарни филмови како дел од нивниот договор со Netflix. Тие наведуваат дека Хари бил откриен со жица која ѕиркала под неговата кошула во еден момент, а тие се убедени дека станува збор за микрофон што Хари го крие под неговата облека.

Кралската двојка се обидува да продолжи со холивудска кариера откако им објави на сите дека се повлекува од сите кралски должности. Живеат во Лос Анџелес во изминатите неколку месеци и со секој потег, се чини дека се повеќе ги нервираат таткото и братот на Хари, кои паметно не ги коментираат нивните потези.