Меган Маркл би можела да добие ново име, а принцот Хари мора да ја врати титулата?

2 јуни, 2021
10a500fbb724051552ad3f7bfbeb079e3d4fb824

Меган Маркл и принцот Хари многу ја „закачаат мечката“, а доколку продолжат да го напаѓаат кралското семејство, следуваат проблеми.

Меган Маркл и принцот Хари избираат име за својата ќерка, а покрај Дијана во центарот на вниманието е и Попи (Мек). Сепак, последните денови од бременоста не минуваат мирно, бидејќи кралското семејство е многу луто на нив.

Од вчера, кога Британците започнаа да ја потпишуваат петицијата дека принцот Хари треба да ја врати кралската титула, до денес се собрани повеќе од 45.000 потписи! Тие веруваат дека принцот Хари ја омаловажува кралската куќа, но и дека тој и Меган Маркл нема да имаат што повеќе да продаваат доколку се одземе титулата војвода и војвотка од Сасекс.

Документарен филм на принцот Хари

Кралската експертка Ребека Инглиш денес ги предупреди Меган Маркл и принцот Хари дека премногу „ја закачаат мечката“ и дека треба да ја спуштат топката. Таа конкретно мисли на документарецот за менталното здравје што неодамна го сними принцот Хари. Во признанието, самата Меган Маркл ѝ кажа на Опра Винфри низ што минува и дека размислува за самоубиство.

Скандалот со одземање на титулата на принцот Хари

– Британското кралско семејство досега не кажа ниту еден збор против принцот Хари и Меган Маркл, но дали е реално да се очекува да остане така? Вистинското прашање е кога тој ќе ја премине границата – праша Инглиш.

Инглиш вели дека сите почнале да се прашуваат колку долго Бакингемската палата ќе молчи и ќе дозволи да бидат навредувани.

За помалку од два дена, Британците започнаа да потпишуваат петиција со која се бара принцот Хари сам да му ја врати титулата. Имено, сите очекуваат дека британската кралица ќе мора во одреден момент да реагира.

„Тоа би го спасило принцот Хари од дипломатскиот, политичкиот и државниот скандал што е неизбежен“, рече Лејди Колин Кембел, која ја покрена петицијата.

Принцезата Хенри од Велс

Познавачите на британското кралско семејство веруваат дека доколку Меган Маркл ја изгубеше титулата војвотка од Сасекс, таа сепак ќе имаше што да „фати“ и титула со која ќе може да заработи, бидејќи ќе има целосно право да се нарекува принцеза Хенри од Велс .

Аналитичарите сметаат дека потегот на принцот Хари за враќање на титулата би бил win/win за сите.