Меган Маркл: Опра кажа едно, а сега испливаа ДОКАЗИ за спротивното!

6 април, 2021
screenshot_from_2021-04-04_17-59-55

„Кога Опра директно ја праша дали размислува да се повреди или има самоубиствени мисли“, Меган одговори потврдно.

Меган Маркл редовно се состанувала со пријателите на вечери и одела да купува храна за време на нејзиниот престој со британското кралско семејство како сопруга на принцот Хари, внукот на кралицата Елизабета.

Тврдењата на експертите за кралското семејство се косат со она што Меган и го кажа на Опра Винфри во шокантното интервју.

За време на нејзиното интервју со легендарната американска водителка, Меган изјави дека како член на кралското семејство била „презаштитена“ и дека ја напуштила куќата само двапати во четири месеци.

Opra Vinfri

„Насекаде сум, но никаде не одам“, рече таа.

Сепак, кралскиот биограф Ендру Мортон, човекот кој стои зад познатата книга за принцезата Дијана, тврди дека нејзините пријатели редовно ја гледале.

– Кога го гледав интервјуто, се присетував како и Дијана ми раскажуваше за тоа чувство на изолација и очај. Но, моите пријатели ми рекоа дека ја виделе Меган како носи вреќи со храна од супермаркетот назад до палатата Кенсингтон. Други пријатели ја виделе како вечера со пријателите во ресторан. Била секаде. Значи, ми се чини дека таа водела нормален живот – рече Мортон.

Megan Markl

Меган во едно интервју изјави дека поради самотијата што ја чувствувала, била на работ на самоубиство, додавајќи: „Едноставно, не сакав да бидам жива повеќе“. Тврди дека и требала помош и дека сака да оди во „институција“, но и било кажано дека тоа не и е дозволено.

Таа рече дека во тоа време „се срамела“ да ги признае самоубиствените мисли, но знаела дека ако не зборува, „ќе го стори тоа“. Таа вели дека тоа било „вистинска и застрашувачка мисла“, но дека и помогнал принцот Хари.

Megan Markl

Војвотката од Сасекс изјави дека „не можела да остане сама“ кога била бремена со Арчи. Кога Опра ја праша директно дали „размислувала да се повреди себеси или имала самоубиствени мисли“, Меган одговори потврдно.

Не можејќи да добие помош од кралското семејство, Меган се сврте кон еден од пријателите на принцезата Дијана.