Меган Маркл отиде под нож? Хирурзите споредуваат фотографии пред и после: „Убаво и умерено, не претерала“ (ФОТО)

29 јуни, 2021
54446979_265921651029642_26599840702807278_n-768x525

Постои зголемена побарувачка за изгледот на војвотката од Сасекс, откриле козметичките хирурзи за британските медиуми, и тие решиле да ги споредат нејзините стари и нови фотографии, откривајќи на тој начин што корегирала.

Имено, на нејзините фотографии од тинејџерските денови првото нешто што и „боде очи“ е нејзиниот нос, кој порано изгледаше поголемо, но таа никогаш не призна дека поминала каков било вид на естетски зафати. Промената ја забележале нејзините обожаватели, а нивното сомневање го делат и естетските хирурзи. Сепак, носот не е единственото нешто што се смени на Меган Маркл.

Возраст или зафати?

И додека некои се убедени дека ова е промена што се случува со возраста, хирурзите се убедени дека добар дел од овие промени се случиле на операционата маса. „Меган има скоро совршено обликуван нос. Нејзините очи се правилно поставени, а брадата во форма на буквата V е класично убава. Нејзиното лице е во добра форма и е близу до она што Грците го сметаа за совршено“, изјави естетскиот хирург Де Силва во една прилика, пренесува „Story“.

Токму нејзиниот нос е една од процедурите за кои се сигурни дека е извршена. Заедно со носот, тие истакнуваат дека таа ги корегирала јаболчниците и обликот на вилицата. Додека некои сметаат дека разликите се видливи, други сепак мислат дека сè уште изгледа убаво и природно. „Меган направила неколку зафати, но убаво и умерено. Ја гледате разликата, но не претерала“, стои во коментарот на социјалните мрежи.

Секако, има многу кои не веруваат дека Меган променила нешто. „Како некои не разбираат дека луѓето се менуваат со возраста. Веднаш сите мислат дека промени се случуваат само во операционата сала. Срамота“, се само некои од коментарите.

escort - Korsan taksi