МЕГАН МАРКЛ ЗА ПРЕТСЕДАТЕЛ НА САД: Состаноци со бившата соработничка на Хилари Клинток

26 март, 2021
profimedia-0472654526

Уште кога го напуштија кралското семејство, 39-годишната Меган Маркл и нејзиниот тригодишен помлад сопруг принцот Хари не го криеја задоволството од она што им го нуди слободниот живот во САД. Како што беше напишано во неколку наврати, Меган е толку среќна што е во нејзината земја што се разбуди нејзината желба за политичка кариера – се сомнева дека сака да стане претседател на Соединетите држави. Меган размислува како може да биде дел од решението. Убедена е дека нејзината мисија во животот е далеку поголема од актерската игра, па го направи првиот чекор – ја ангажираше Џеневив Рот, директор за креативен ангажман за поранешната претседателска кампања на Хилари Клинтон од 2016 година.

Откако ја напушти кампањата, Џеневив ја основа агенцијата за социјално влијание „Невидлива рака“, која сега започна да работи со Фондацијата Archewell, управувана од Сасекс. Агенцијата објави дека тие му се придружиле на Archewell во нивната мисија за иницирање систематски културни промени во сите заедници на почетокот на оваа година.

Двојката влезе во политичката дебата пред претседателските избори во САД во ноември, не поддржувајќи некој посебен кандидат, туку едноставно ги охрабри Американците да гласаат. Меган тогаш рече дека тоа е „најважниот избор во нивните животи“. Демократскиот стратег Мајк Трухијо тогаш сугерираше дека Фондацијата Archewell може да послужи како отскочна даска за кандидатурата на Меган, истакнувајќи го успехот на поранешниот бодибилдер, актер и републикански гувернер на Калифорнија, Арнолд Шварценегер.

Минатата година Меган истакна колку е важно да покажеме дека имаме глас. „Знам како е да се има глас, и исто така како е да се чувствуваш безгласен. Исто така, знам дека толку многу мажи и жени ги доведоа своите животи во опасност да се слушне нивниот глас. Кога гласаме, нашите вредности се ставаат во дело. Вашиот глас е потсетник дека сте важни. Затоа што е така. И заслужувате да ве чуеме“, рече таа во едно интервју во тоа време.

Уште на почетокот на есента минатата година, се сомневаше дека Меган се подготвува за кандидатурата. „Една од причините што толку многу сакаше да не се откаже од американското државјанство е тоа што имаше можност да влезе во политиката. Мислам дека Меган и Хари, ако некогаш се откажат од кралските титули, сериозно би ја разгледале нејзината кандидатура за претседател “, изјави тогаш извор близок до семејството.

escort - Korsan taksi