Mel B: „Насилството во бракот ми ја уништи душата, ќе ми треба цела вечност да бидам онаа старата“

18 мај, 2021
f_11080831_1024

Откако британската хуманитарна организација „Women’s Aid“, која им помага на злоставуваните жени, минатата недела објави промотивно и многу потресно видео, наречено „Љубовта не треба да боли“, во кое главната улога, и со добра причина, ја игра Мелани Браун, а поранешната членка од групата The Spice Girls во неделата гостуваше во емисијата „Добро утро, Британија“ на ITV.

Имено, самата 45-годишна пејачка помина низ многу трауматичен брак со филмскиот продуцент Стивен Белафонте, кого претходно го обвинуваше за емотивно и физичко малтретирање. Таа го заврши својот десетгодишен брак пред четири години, а за ужасното искуство што го доживеа во 2018 година, го објави мемоарот „Brutally Honest“ во кој документираше како изгледа нејзиниот живот од ден на ден, како што го живееше, со како што се тврди, физичко, сексуално, вербално и финансиско злоставување. Се разбира, Белафонте тврди дека ништо од ова не е точно.

Од разводот, Мел Б се залага за работа со организации за жени, а што се однесува до новата кампања за „Women’s Aid“, таа наведува дека тоа е „најважното видео што го снимила во нејзиниот живот“. Промовирајќи се во емисијата „Љубовта не треба да боли“ на ITV, која е делумно инспирирана од нејзиното искуство, Мел Б им ја отвори душата на водителите за семејното насилство, за кое вели дека го доживеала:

image

„Понекогаш единствениот излез е да трчате без план, дури и без да знаете каде одите или каде да побарате помош. Веројатно веќе го немате ниту вашиот мобилен телефон, а вашите пријатели не чуле од вас со месеци. И, тоа сакавме да го покажеме на видеото. На пример, мислев дека е сосема нормално да немам сопствен телефон, дека е нормално да немам пари или кредитна картичка на мое име“ – рече Мел Б, додавајќи дека тоа ја уништува душата и дека ќе и биде потребна цела вечност да го врати, да е таа старата.

Таа исто така се обиде да објасни како злоставуваните жени се однесуваат надворешно во таква врска и зошто страдаат толку долго.

„Ставаш оклоп и излегуваш во светот, но зад затворени врати ситуацијата е сосема поинаква. Се чувствувате засрамено и толку виновно затоа што мора да лажете и да го чувате во тајност. Затоа оваа кампања е толку важна за мене. Бидејќи луѓето во ситуација како оваа во која бев, како и многу жени, не гледаат излез. Тие се изолирани од пријателите и семејството и тоа е еден од најголемите сигнали дека некој е во една од таквите врски“ – истакна Мел Б.