Метју Меконахи шокираше со изјавата за лична хигиена: „Сите жени ми рекоа дека го сакаат природниот мирис“

19 август, 2021
shutterstock1242500467-830x0

Актерот не сака да „мириса на некој или на нешто друго“

Брачниот пар Мила Кунис и Ештон Кучер неодамна започнаа дискусија за хигиенските навики, откако во еден подкаст изјавија дека ги капат своите деца само кога се навистина валкани, или мирисаат“.

По ова, многу јавни личности се огласија на оваа тема и го дадоа својот коментар.

Актерот Метју Меконахи не се противи на туширањето како Кунис и Кучер, но откриени се тврдења дека тој воопшто не користи дезодоранс. Тој јавно зборуваше за тоа за списанието Плејбој во 2008 година.

– Никаква колонска вода, никаков дезодоранс. Сите жени во мојот живот, вклучително и мајка ми, ми кажаа како мојот природен мирис мириса прво, на маж, второ, на мене“, изјави тој.

Додаде дека не сака да „мириса на некого или на нешто друго“.

И покрај тоа што е против дезодорансите, актерот истакна дека сериозно ја сфаќа личната хигиена, тврдејќи дека се тушира неколку пати дневно и ги мие забите до пет пати на ден.

Тој едноставно „не сака да мириса на некого или на нешто друго“.

escort - Korsan taksi