„Ми напиша ВАЖНО писмо, ме МОЛЕШЕ …“ Бритни Спирс пред 14 години ја КОНТАКТИРАЛА Шерон Стоун

5 април, 2021
britni ja molela seron

Пејачката Бритни Спирс се обрати до Шерон Стоун во 2007 година со очајно барање за помош во екот на нејзината битка за ментално здравје. Како што изјави актерката, музичката sвезда ѝ напишала „многу долго и важно“ писмо, многу пред да биде одлучено Џејми Спирс (таткото на Бритни Спирс) да се грижи за правните и финансиските работи поврзани со Бритни.

Шерон го откри сето ова откако Спирс ја именуваше на Инстаграм како жена која „инспирира“. Во „Шоуто на Кели Кларксон“, Стоун ги изнесе деталите.Бритни ми напиша многу долго и важно, трогателно писмо за време на нејзиниот многу тежок период од животот, ( за времето кога луѓето ја препознаваа кога ќе ја избричеше главата),а со цел да ѝ помогнам – рече Шерон, кој призна дека во тоа време и самата имала проблеми.

И јас бев во многу тежок период од мојот живот и не можев да си помогнам себеси. Но, вистината е дека и на двете ни требаше помош – рече Шерон, која не сакаше да навлегува во детали за проблемите со кои се соочуваше.

Сепак, Стоун изјави дека не е невообичаено жените во Холивуд да бидат „контролирани“.Вистински факт е дека е многу тешко да се биде многу успешна жена и сите да не ве контролираат, да си ги земат финансиите и да ве бараат – рече Шерон и продолжи:

Сигурна сум дека со сите млади sвезди ова се случува. Има огромна точка на кршење и има точка каде што кршите – рече Шерон и додаде:

Работата со Бритни Спирс е толку надвор од контрола и толку е ужасна. И сигурно, можам да кажам дека повеќе пати во мојот живот тоа беше надвор од моја контрола и е многу ужасно … И многу е комплицирано да се преземе контрола над својот живот. Многу е тешко да добиете контрола над вашите финансии – рече Стоун.

Патем, тешкотиите со кои се соочуваше Бритни Спирс се прикажани во документарецот на Њујорк Тајмс, насловен како „Framing Britny Spears“. Инаку, пејачката во својот пост на Инстаграм изјави дека не го гледала документарниот филм, туку дека видела некои делови и плачела две недели.

Патем, акцијата „Слободна Бритни“ веќе е во тек низ целиот свет, со цел да ја вратат пејачката во живот. Поточно, за Спирс самостојно да се грижи за себе, за своите права, своите финансии.