БРЕМЕНАТА МЕГАН МАРКЛ САКАЛА ДА СЕ САМОУБИЕ: Уште еден интимен детал од приватниот живот на кралското семејство

30 мај, 2021
1099_w-55752202-710x505-620x0_f

Меган Маркл планирала самоубиство, принцот Хари откри морничави детали.

Британскиот принц Хари ја отвори душата во интервјуто за Опра Винфри и раскажа како неговата сопруга Меган Маркл сака да се самоубие.

Двојката, која се „отцепи“ од кралското семејство, претходно зборуваше за тоа како Меган имала самоубиствени мисли поради малтретирање во кралското семејство, што инаку го негира сето тоа.

„Ние се подготвувавме за концерт во Ројал Алберт Хол. Таа беше во напредна фаза на бременост. Дојде кај мене и ми рече, јас сум депресивна, длабоко депресивна. Планирам да си го одземам животот, еве и како“, Рече Хари.

„Многу луѓе во нејзината ситуација земаат лекови, пијат, Меган беше потполно трезна. Она што најмногу ме плашеше беше јасноста на нејзиниот ум, нејзините мисли. Планираше точно и како ќе го стори тоа, во нејзината напредна бременост”, – рече Хари.

„Веќе изгубив една жена која беше целиот мој Свет“, рече Хари во емотивната исповед, осврнувајќи се на принцезата Дијана.

„И сега друга жена, која го носи нашето дете, ми вели дека планира да умре. Најстрашно за мене беше што сè уште бевме дел од тоа семејство, од таа приказна. По нејзиното признание, моравме да седнеме во конвој од автомобили и да заминеме на тој концерт, бидејќи тоа беше официјална пригода. Како што се гасеа светлата во салата, таа почна да плаче неконтролирано“, рече Хари.

Принцот и неговата сопруга дури неодамна ја отворија душата откако го напуштија кралското семејство. Тие исто така објавија дека очекуваат уште едно дете, а по смртта на принцот Филип, принцот Хари за прв пат дојде во Велика Британија по тој инцидент.