Миа Костова на неколку месеци ја напушта Македонија, а еве што вели на прашањето дали би влегла во „Задргуга“

29 март, 2021
mia kostovska

Водителката и македонската инфлуенсерка Миа Костова е една од најактивните и најангажираните корисници на социјалните мрежи, посебно на Инстаграм кој во последните неколку години важи за одлична алатка за рекламирање, бизнис, комуницирање.

Костова е активна на „Инстаграм“ каде што често рекламира одредени брендови. Покрај, тоа, таа често дели совети, но и комуницира со своите следбеници кои наскоро ќе бидат 40 000.

Миа овојпат во кусите приказни на „Инстаграм стори“ откри дека заминува од Македонија на неколку месеци, па по тој повод одговараше на прашања на своите виртуелни пријатели.

„Периодов што следи најавувам уште еден Охрид и едно поинакво патување кон крајот на април во Албанија. На почетокот на летото ја напуштам Македонија на неколку месеци. Сè тоа ќе биде споделено со вас. Сега може да си помуабетиме…“, напиша водителката, а корисниците на Инстаграм започнаа со прашања.

„Каде ни бегате?“, беше првото прашање.

„Кога ќе дојде време ќе ви кажам сè затоа што сум суеверна. Не е далеку и не е на долго“, вели водителката и додава дека заедно со Тијана Кулиќ заминуваат работно на 2,3 месеци.

Некои од следбениците ја праша Миа дали би се вакцинирала против Ковид 19, а таа одговори:

„За волја на вистината – не. И воопшто не планирам да се вакцинирам и тоа е една долга и широка тема која што не би ја отварала овде и сметам дека не треба да коментирам на оваа тема, не во овие моменти и не сега“.

Исто така следбениците ја праша Миа дали би влегла во реалното шоу „Задруга“.

„Не. Никогаш. Ја нема таа пара, барем не засега затоа што психичкото здравје ми е далеку поважно од парите“, вели Костова.

Освен прашања, Миа доби комплименти за изгледот, за позитивната енергија, а некои побараа и совети за инфлуенсер.

Какви работни ангажмани подготвува останува да видиме.

Текстот е превземен од Vistina.mk