Милена Антовска се повлекува од ТВ екраните: Водителката нема да биде дел од новата сезона на „Здраво Македонијо“ – еве зошто

22 септември, 2021
milena

Водителката Милена Антовска имаме прилика да ја гледаме секој ден во утринската емисија на Канал 5 телевизија.

Од раните утрински часови е подготвена заедно со своите колеги да ги дружи гледачите, да ги известува за актуелните случувања , да разговара на разни теми….

Наскоро започнува и новата 15та сезона на „Здраво Македонијо“. Меѓутоа, водителката нема да биде дел од водителскиот тим односно си оди од утринската програма, но и со причина.

Како што истакна, таа нема да биде дел од „Здраво Македонијо“ бидејќи е бремена и владее корона, а поради нејзината блажена состојба не ѝ се препорачува да биде меѓу многу луѓе, а во студиото ќе имаат голем број на гостувања и фреквенција на луѓе, па заради нејзина лична безбедност и здравје ќе се повлече од ТВ екраните.

Антовска истакна дека ѝ е криво, но дека со публиката ќе се дружи преку социјалните мрежи. Сигурни сме дека Милена ќе ѝ недостига на публиката, но и сигурно се радуваат за убавите вести во нејзиниот дом.

За потсетување, Милена е бремена по вторпат и очекува ќерка, а нејзината наследничка Лана Марија ќе добие сестричка.

Преземено од vistina.com.mk

Eskişehir escort - Sekabet kaç oldu -
Superbetin yeni adresi
-

Dinamobet link

-

kolaybet giriş yapamıyorum

- escort - Casinomaxi bağlan - Goldenbahis - Sultanbet - mobilbahis giris