Милиони лајкови за најновата фотографија на Џенифер Анистон, сите ја забележаа малата промена која ја направи! (ФОТО)

27 јануари, 2021
Screenshot_1

Џенифер Анистон се пофали на Instagram со својата нова фризура за втората сезона од серијата „The Morning Show“.

Откако се приклучи на Instagram на крајот на 2019 година, актерката Џенифер Анистон (51) воодушевува милиони фанови со секоја своја објава.

Ништо поразлично не беше со нејзините последни фотографии, кои ги објави на социјалните мрежи и објави нешто што нејзините фанови со нетрпение го очекуваа.

„Иии, се вративме“, напиша Џенифер покрај фотографиите на кои позира со својот долгогодишен фризер Крис Мекмилан на снимањето на серијата „The Morning Show“, во која глуми со Рис Витерспун.

На фотографиите, Анистон се пофали и со новата фризура за втората сезона на серијата, а иако косата ја освежи само со златни прамени, нејзините фанови забележаа суптилна промена и ја опсипаа со комплименти, но и со повеќе од три и пол милиони лајкови. Тие не ја криеја возбудата заради новата сезона на популарната серија.

Мекмилан, со кого позираше на фотографиите, се грижи за нејзината коса уште кога ја видовме во „Friends“, а токму тој е одговорен за легендарната „фризура на Рејчел“, која полуди милиони жени ширум Светот во деведесеттите години.

Наскоро ќе имаме можност повторно да ја гледаме Анистон во улогата што и донесе светска слава, а повторното обединување на „ Friends “, според последните информации, треба да се случи во март годинава.

escort - Korsan taksi