МИЛИОНИ, ВИЛА, НАКАТИ… Еве што сѐ добива Кардашијан според ПРЕДБРАЧНИОТ ДОГОВОР!

22 февруари, 2021
kim-kanje-profimedia-0282269125

Нема да ѝ биде лошо

Ким Кардашијан и Канје Вест решија да се разведат по шест години, што значи поделба на нивниот имот. Според предбрачниот договор, Кардашијан ќе добие 6 милиони долари, нивната вила на Бел Ер и сите подароци што ги доби од раперот, низ годините.

Договорот е всушност старлетата да добие милион долари за секоја година што ја поминале заедно, а максимумот би било 10 милиони. Иако Канје платил за поголемиот дел од вилата на Бел Ер, имотот е на името на Ким, и ќе остане така.

Кога станува збор за подароците, Ким ќе ги зачува сите скапоцености како рачно насликана торба „ Hermes “ во вредност од 40 000 американски долари, неколку нараквици „ Cartier “, чијашто вредност се проценува најмалку од 35 000 американски долари и Mercedes G550 SUV, што вреди најмалку 227 000 долари.

Покрај тоа, Канје на миленичката ѝ подарил два веренички прстени, едниот чинел два милиони долари, а другиот, кој беше украден за време на познатиот грабеж во Париз, чинеше 4,5 милиони долари.

За среќа на старлетата, приходот што го доби благодарение на реалното шоу „Во чекор со Кардашијанс“, линијата за облека и приходите од промоции и гостувања, исто така, ќе може да ги задржи, имајќи предвид дека се смета за нејзин посебен имот и приход.

Претходно беше откриено и дека Ким ќе остане корисник на едно од животните осигурувања на Канје, кое се проценува на 20 милиони долари, дури и ако се разведат.

Иако не беа во најдобри односи, тие во моментов се однесуваат цивилизирано, па решија да имаат заедничко старателство над децата.