Мисица завршила во болница со повреди на главата откако минатогодишната победничка ѝ ја грабнала круната

8 април, 2021
pjimage-17_0

Организаторите ѝ се извинија на победничката и ѝ ја вратија титулата бидејќи утврдиле дека се разделила од сопругот, а не се развела. Беа згрозени од реакцијата на победничката на изборот во 2019 година и започнаа истрага.

Изборот за убавина во Шри Ланка оваа година беше доста бизарен. Пушпика Де Силва беше прогласена за победничка и таа стана „Госпоѓа на Шри Ланка“.

Само неколку моменти подоцна, на сцената се појави победничката на изборот во 2019 година.Таа рече на микрофонот дека Пушпика не може да биде победничка затоа што била разведена, што значи дека ги прекршила изборните правила.

Поранешната кралица на убавината, Каролин Јури, отиде кај Пушпика ѝ ја симна круната од главата и ја стави на главата на друга натпреварувачка. Де Силва беше лута, па се сврте и ја напушти сцената.

Следниот ден беше објавено дека Пушпика завршила во болница. Таа тврдеше дека има повреди на главата, а исто така страдала од тешка депресија по настанот. Организаторите ѝ се извинија и ѝ ја вратија титулата бидејќи утврдиле дека се разделила од сопругот, а не развела.

– Разочарани сме. Срамота е како се однесуваше Каролин Јури на сцената. Ние веќе започнавме истрага, рече директорот на изборот на „Госпоѓа на Шри Ланка“, Чандимал Јајасинг.