МИСЛЕВ ДЕКА ЌЕ БИДЕ НЕКАКВО ИСКУСТВО СО ПЕТ SВЕЗДИ, НО… Меган Фокс крајно разочарана!

23 јули, 2021
219360_megan201_f

Актерката Меган Фокс и нејзиното момче Машин Ган Кели заминаа на одмор во Костарика, каде имаа уникатно искуство

Sвездата на „Трансформери“ откри во понеделникот во шоуто „ Jimmy Kimmel Live!“ дека парот одлетал во Централна Америка да пие аџахуаска – психоактивен чај во „приватно опкружување, со домородците“. Искуството предизвикува аудитивни и визуелни халуцинации и се вели дека лечи разни болести како што се анксиозност и траума.

Фокс објасни дека отишле на локација позната по тоа што честопати биле домаќини на познати личности кои сакале да одат на духовно патување, но откри дека станува збор само за оддалечена џунгла.

– Мислев дека тоа ќе биде некакво искуство со пет sвездички, но погрешив – рече актерката.

– Кога ќе стигнете таму, навистина сте во средина на џунглата, и не смеете да јадете после 13 часот. Треба да пешачите многу долга патека за да дојдете до вода, а не можете да се истуширате затоа што таму е суша – се присети Меган, а потоа истакна дека не ѝ се допаднало ништо.

– Немаше ништо гламурозно во тоа, и сè те прави ранлив, па некако му се предаваш на искуството – вели Меган.

Фокс објасни дека церемонијата започнала со група од околу 20 други луѓе и дека таа најпрво ја повратила целата содржина од стомакот затоа што пиела чај од лимонска трева.

Сето тоа траело три дена и открила дека следната вечер отишла директно во пеколот.

„Значи, тоа е вашата верзија на пеколот, а јас дефинитивно бев таму“, заклучи Меган.

Се вели дека овој чај им помага на зависниците „да се ослободат од дрогата“, па многумина заклучиле дека Меган го однела своето момче таму токму затоа што тој е еден од поранешните зависници.

escort - Korsan taksi