МИСТЕРИОЗНИОТ ПРСТЕН НА МЕГАН МАРКЛ НА ФОТОШОПИРАНАТА НАСЛОВНА СТРАНИЦА : Кралскиот пар ЛАЖЕ за цената?

18 септември, 2021
Meghan-Markle-princ-Harry

Странските медиуми се распишаа за вредноста на прстенот што Меган Маркл го носи на насловната страница на списанието „Time“ каде позира со принцот Хари.

Меган Маркл и принцот Хари украсија една од седумте насловни на списанието „Time“ во чест на листата на 100 највлијателни луѓе во 2021 година.

Ова е прва насловна страница на Меган и Хари, а странските медиуми внимателно го анализираа секој детал од фотографијата, па дури и накитот на Меган.

Двојката ги негираше извештаите дека прстенот што го носела Меган вреди 62.000 долари, за чие потекло исто така се шпекулираше. Имено, прстенот наводно бил направен од дијаманти кои парот ги добил како подарок од пријател од Блискиот Исток. Прстенот е многу сличен со прстенот што го носеше војвотката од Сасекс на фотосесијата за магазинот „Time“ минатата година, направен за неа од американската дизајнерка на накит Лорејн Шварц.

Меган на снимањето носеше накит во вредност од 384.000 долари, вклучувајќи прстени, нараквици и златен часовник Cartier Tank Française, кој ѝ припаѓаше на покојната принцеза Дијана.

Покрај накитот на Меган, самата фотографија привлече големо внимание бидејќи изгледа дека е екстремно украсена во Photoshop, а многумина коментираат дека Меган и Хари воопшто не изгледаат природно и дека фотографијата е нереална. Бројни корисници на социјалните мрежи го искажаа своето мислење за фотографијата, која иако внимателно испланирана, не ги исполнуваше суровите критериуми на интернет критичарите.

Принцот Хари и Меган, кои моментално живеат во Калифорнија, откако ги напуштија кралските должности минатата година, рекоа дека им е чест што „Time“ ги вклучи на оваа листа.

Eskişehir escort - Sekabet kaç oldu -
Superbetin yeni adresi
-

Dinamobet link

-

kolaybet giriş yapamıyorum

- escort - Casinomaxi bağlan - Goldenbahis - Sultanbet - mobilbahis giris