Многу славни дами паднаа на неговиот шарм, а сега се заљуби во убавица која за кратко време го полуде Светот

24 март, 2021
Screenshot_3

Пит Дејвидсон беше во врска со Аријана Гранде, 20 години постарата Кејт Бекинсејл, Маргарет Куалли и Каја Гербер, а сите негови врски траеја неколку месеци.

27-годишниот Пит Дејвидсон шармираше многу славни дами со кои врска не му траеше, а последната во низата sвезди од серијата „Bridgerton“, е Фиби Диневор (25).

Според „Daily Mail“, комичарот станал близок со актерката поради што патувал од Њу Јорк до Велика Британија, односно градот Алтринкам. Имено, тој тоа го стори откако Фиби дојде во Америка во февруари поради Пит.

Фановите го забележаа Дејвидсон на улица и страницата Altrincham HQ на Фејсбук, го сподели неговото селфи со две девојки во саботата. Комичарот позираше со голема насмевка на лицето, а покрај фотографијата пишува дека Пит престојува во Велика Британија со пријателите и дека е ѕвезда на комедијата „The King of Staten Island“ од 2020 година и претстојниот филм „ Odred otpisanih 2″.

„Daily Mail“ пишува дека Фиби, која ја игра главната улога во серијата што го полуде Светот, во февруари на Instagram објави серија фотографии за кои се гледа дека се направени во Бруклин. „Благодарна што сум овде за една жешка секунда“, напиша таа покрај објавата и стави и емотикон срце.

Портпаролката на актерката одби да ги коментира шпекулациите за нејзината врска со Пит. Интересно е колку славни дами порано сакал комичарот.

Тој беше верен со пејачката Аријана Гранде (27), по само една недела врска. Свршувачката се распадна во октомври 2018 година по неколку месеци, бидејќи наводно работите се одвивале премногу брзо за Аријана.

Набргу по раскинувањето, тој ја загрижи јавноста со својата порака на Instagram. !Не сакам повеќе да бидам на оваа планета. Се обидувам да дадам сѐ од себе да останам, но навистина не знам уште колку ќе издржам. Сè што отсекогаш сум се трудел е да им помагам на луѓето. Запомнете дека ви го кажав тоа“, напиша Пит, поради што се вклучи и полицијата.

Но, Дејвидсон тешко се справи со раскинувањето и подоцна го избриша својот пост. Аријана му ја посвети песната „Тhank U, Next“ и содржи стих: „Скоро се венчавме и многу сум му благодарен на Пит“.

Откако пејачот Пит ја бакна 20-годишната актерка Кејт Бекинсејл, поради што тие беа мета на критики и јавноста се пошегува на нивна сметка коментирајќи дека изгледаат како мајка и син. Двојката беше фатена за време на жешки бакнежи зад задното седиште на такси, а по четири месеци нивната врска заврши.

escort - Korsan taksi