Момчето на Ријана, Роки, конечно потврди дека се во врска

20 мај, 2021
момчето на ријана

Популарниот американски рапер АСАП Роки изјави дека Ријана е „љубовта на неговиот живот“ и потврди дека се во љубовна врска.

„Вреди колку милиони други. Кога знаеш – еденоставно знаеш. Таа е вистинската “, рече раперот во интервју за американските медиуми.

Гласините за нивната љубовна врска се појавија во 2013 година, кога раперот беше со пејачката на нејзината светска турнеја „Дијаманти“. Кога започнаа љубовна врска, Ријана и Роки се обидоа да не се експонираат во јавноста, но сега ја потврдија врската.

Раперот изјави дека неговата девојка имала големо влијание врз неговиот нов албум.

Инаку, вистинското име на раперот е Раким Мајерс, а во 2019 година тој беше осуден за напад во тепачка во Стокхолм, за што доби двегодишна условна казна.

escort - Korsan taksi