МОНИКА БЕЛУЧИ НА РЕВИЈАТА НА ДОЛЧЕ И ГАБАНА ДОЈДЕ ВО ЦРНО ОД ГЛАВА ДО ПЕТИ: Стајлинг кој Ана Винтур не го поднесува!

31 август, 2021
072444548-fd2a8612-8fe0-45b4-b4a0-8b6ff30aeb1f

Познатата италијанска актерка Моника Белучи (56) пристигна во Венеција за да ја поддржи својата ќерка Деви Касел (16), која ја доби од бракот со Винсент Касел, и која шеташе на модната писта како модел на ревијата на Долче и Габана.

Во пресрет на модната ревија гордата мајка Моника беше фотографирана во многу едноставна комбинација на облека во која често ја гледаме.

Моника како голем обожавател на црно и овој пат му остана верна, а облече класични црни панталони и блуза со потпис на Долче и Габана.

Monika Beluči

Стајлингот го заокружи со високи потпетици и црна чанта.

Додека една од најубавите жени во светот сака да носи црно од глава до пети, од друга страна, најмоќната жена во светот на модата, Ана Винтур не може да издржи.

Monika Beluči

Извршната уредничка на американското издание на списанието Вог, во интервју за каналот на Јутјуб на нејзиното списание, еднаш изјави дека никогаш нема да носи црно од глава до пети.

Имајќи предвид дека Ана Винтур претпочита живописни бои, не е изненадувачки што не е склона исклучиво кон црни парчиња облека.

escort - Korsan taksi