Може ли да биде посекси? Новото видео на вереницата на Роналдо го погледнаа повеќе од 4 милиони луѓе (ВИДЕО)

11 февруари, 2021
1402726

Најмногу благодарение на нејзината врска со најпознатиот и најдобар фудбалер на денешницата, но и на нејзиниот убав изглед, Џорџина Родригез потпишува се повеќе профитабилни договори. Се повеќе модни куќи сакаат таа да биде нивно заштитно лице, па затоа и започна сама да бира, а последната кампања што ја сними беше за италијански бренд за костими за капење.

Можеме само да претпоставиме какви цифри бара Џорџина Родригез, вереницата на Кристијано Роналдо и мајка на неговата ќерка Мартина Алана, од разни модни куќи и брендови кои сакаат таа да биде нивно заштитно лице. А судејќи според нејзиниот Instagram профил, може да се заклучи дека таа сега може да избере што сака или не.

Така не го одби италијанскиот бренд за костими за капење „F**K“, чиј заштитен знак стана, а видеото што го сними за кампањата, кое го објави на својот профил на Instagram, го погледнаа повеќе од 4 милиони луѓе за помалку од 24 часа.

Сексапилната Џорџина позира во привлечно монокини, кое е на официјалната веб-страница на брендот под името Monokini Desert, има три големини – S, M и L – и може да се нарача за 99 евра.

Лидерите на овој бренд дадоа одлична деловна понуда, бидејќи Џорџина Родригез на Instagram ја следат дури 23,5 милиони луѓе од целиот Свет, што автоматски повлекува зголемување на продажбата на нивните костими за капење, кои се крајно тренди.

escort - Korsan taksi