МРЗЕЛИВОСТА СКАПО ЈА ЧИНЕШЕ! На Селма Хајек и избега улогата во КУЛТНИОТ ФИЛМ поради лошата форма!

1 јули, 2021
965197_profimedia0129007431_ls

На Селма Хајек и избега улогата во филмот „Матрикс“ поради лошата форма

Актерката Салми Хајек за малку изгуби улогата во хит филмот „Матрикс“, само поради нејзината мрзеливост.

Имено, една од најубавите актерки во Холивуд била на кастинг за улогата на Тринити, заедно со уште три други актерки, сепак, Кери Ана Мос била далеку физички поподготвена од неа, што било клучно за таа да ја добие улогата.

„Четири жени беа во потесниот избор. Поминавме низ многу пречки, тестови, аудиции … Тие исто така донесоа координатори каскадери од Азија. Тоа беше вистински физички тест. Јас сум флексибилна и агилна, но мрзелива. Никогаш не сум одела во теретана и ми рекоа: „Треба да трчаш!“ Прашав: “Каде?” Не можев да направам ниту круг низ собата “, рече Хајек во емисијата “Red Table Talk”.

„И тогаш доаѓа Јада – злобна, витка, секси машина! О Боже, таа беше толку добра! А јас бев толку засрамена! Таа беше во топ форма, фокусирана, неверојатно дисциплинирана, толку способна… Само што погледнав во таа жена и си помислив: Сакам да бидам како неа кога ќе пораснам! И денес таа мим е најголема инспирација за сите акциони сцени што ги правам “, рече Селма.

Фантастичниот блокбастер „Матрикс“ од 1999 година ги доби и продолженијата „Матрикс повторно се наполни“, како и „Матрикс револуција“, а четвртиот дел, досега без наслов, пристигнува во кино салите и на ХБО Макс во декември 2021 година.

escort - Korsan taksi