Бред Пит и Сандра Булок за прв пат ќе глумат заедно во еден од најочекуваните филмови!

11 февруари, 2021
CA: 77th Annual Golden Globe Awards - Press Room

Кога помислуваме на таа холивудска листа во класична смисла, Сандра Булок и Бред Пит секогаш мора да бидат на врвот на истата. Ги гледавме во некои од најголемите филмски хитови низ годините од 90-тите, и сега тие конечно ќе настапат заедно во нова филмска продукција!

Сега можеме без двоумење да кажеме дека во најновиот филм на Дејвид Лејч, „Bullet Train“, ќе глумат само најголемите актуелни sвезди. Заедно со Бред Пит и штотуку вклучената Сандра Булок, во филмот ќе се појават и Лејди Гага во минорна улога, како и Мајкл Шенон, Арон Тејлор Џонсон и Зази Бетц.

Филмот „Bullet Train“ ќе се базира на јапонскиот роман „Maria Beetle “ од aвторот Котаро Исаке. Заплетот претставува пет убијци кои се наоѓаат во истиот брз воз од Токио до Мориока и нивните внатрешни конфликти. Во моментов не е објавен англиски превод на книгата.

Интересно е тоа што иако тие се најсилни филмски актери со децении, Пит и Булок немаа можност да глумат заедно. Единственото нешто што ги врзува во однос на глумата е фактот дека Булок глумеше во филмот „Ocean’s Eleven“. Оваа комбинација нема да ја пропуштиме и едвај ги чекаме првите тизери и трејлери за филмот.

Eskişehir escort - Sekabet kaç oldu -
Superbetin yeni adresi
-

Dinamobet link

-

kolaybet giriş yapamıyorum

- escort - Casinomaxi bağlan - Goldenbahis - Sultanbet - mobilbahis giris -
instagram takipçi hilesi