Метју Пери објави фотографија од снимањето на новата епизода на Пријатели, па веднаш ја избриша

12 април, 2021
Friends_4926700-FRIENDS._V392939166_SX1080_

СУДЕЈЌИ според фотографијата која Метју Пери ја објави на својот Инстаграм профил, конечно започна снимањето за специјална епизода на Пријатели.

Имено, Метју, кој го игра Чендлер Бинг, објави фотографија од зад сцената од подготовките за снимањето.

“Неколку секунди пред да ја изедам четката за шминкање. Да не ја спомнувам средбата со Пријателите”, напиша тој под фотографијата што за само неколку минути собра скоро 30.000 лајкови, но актерот наскоро ја отстрани фотографијата од својот профил.

На почетокот на март, Дејвид Швимер, кој го игра Рос Гелер, кога гостуваше во една емисија откри дека снимањето за нова епизода започнува во април.

За потсетување, собирот на Пријателите за снимањето на специјална епизода беше одложен неколку пати поради пандемијата на корона вирусот.