Владо Јаневски го прекина музичкиот пост со – „Без тебе не ме бива“ (ЛИРИК ВИДЕО)

9 април, 2021
vlado bez tebe ne me biva

Владо Јаневски деновиве снима спот за неговата нова песна „Без тебе не ме бива“. Видеото се снимаше на кровот на ГТЦ, а Владо, иако одамна вели дека не сака да се појавува во своите спотови, во овој ја има главната улога. Ова е прво видео на Владо, со кое го прекина десет месечниот музички пост, откако лани во јуни ја промовираше песната „Час те волим, час те мрзим“.

„Сцени од денешното снимање на спотот за ‘Без тебе не ме бива’, во реализација на Томато продукција“ -напиша Владо и откри дека спотот ќе биде промовиран кон средината на месецот.Содржината продолжува после огласот

Ова е трета песна што ќе се најде на новиот албум на Јаневски, а кој ќе излезе како издание на „Кроација рекордс“.

За нумерата „Без тебе не ме бива“ самиот Владо ги напиша текстот и музиката. Аранжманот и продукцијата на песната e дело на Никша Братош, во чие „НБ студио“ во Загреб како и во скопското „Ентерпрајс“  на Валентино Скендеровски се снимаше истата.

Додека се чека излегувањето на спотот, еве ја песната со стиховите за неа во форма на лирик видео:

Преземено од vistina.com.mk

escort - Korsan taksi