ВНИМАНИЕ, СЕРИОЗНИ SPOILERS! Фановите на серијата Squid Game тврдат дека оваа сцена од петтата епизода го открива крајот на серијата!

15 октомври, 2021
igra-lignji

Корисник на Тикток по име „@jinenie“ на таа социјална мрежа сподели клип од петтата епизода од моментално најпопуларната серија во светот „Squid Game“. Тиктокерка тврди дека сцената од таа епизода покажала како ќе изгледа крајот на серијата.

Серијата прикажува група луѓе кои немаат среќа и кои се принудени да учествуваат заедно во бизарна серија игри за преживување за пари, а во петтата епизода, натпреварувачите треба да формираат тимови составени од десет члена, а тие имаат само десет минути за тоа.

@jinenie

There were so much clues 😭 #foryoupage #squidgame #squidgameedit #netflix #viral #bts #squidgamenetflix #kdrama #korean #kdrama

♬ She Knows – J. Cole

Откако ќе се формираат тимовите, играта започнува. Но, пред почетокот на играта, секој играч е со лисици на рацете и заклучен со јаже. Тиктокерка, која објави извадок од серијата, тврди дека еден од играчите немал катанец на рацете, што значи дека можел да ја избегне смртта доколку неговиот тим го загуби натпреварот.

Во последната епизода од серијата, се открива дека овој играч е милијардер кој ја смислил играта од досада, а испаднува додека играл една од игрите. Фановите на серијата се согласија со Тиктокерката и напишаа дека играчот може да ја напушти играта во секое време, бидејќи не игра според истите правила како и другите.

„Дали всушност тој одлучуба кои игри да ги игра?“, „Забележав дека овој играч не е во опасност во ниту еден дел од серијата“, „Тоа е затоа што тој е лидер на сите игри“, се само некои од тврдењата на гледачи на серијата. Оние што не ја гледаа серијата прашаа дали овој играч на крајот починал.

Видеото објавено на Тикток има повеќе од 13 милиони прегледи, а коментарите продолжуваат да следат.