Возбуда на највисоко ниво! Погледнете го првиот трејлер за серијата „Куќата на змејот“

6 октомври, 2021
house-of-the-dragon1

HBO го објави првиот трејлер за „Куќата на змејот“, новата серија поврзана со приказната во „Игра на троновите“.

Новата серија ќе се занимава со Таргариен, предците на Денерис Таргариен, која беше еден од главните протагонисти во „Игра на троновите“.

Трејлерот не открива многу, но низ сцените се прикажани членовите на семејството Таргариен, како и своевидна мантра: – Богови, кралеви, оган и крв. Соништата не нѐ направија кралеви, змејовите нѐ направија.

Меѓу другото, во новото продолжение ќе го видите железниот трон, борба со мечеви, многу светли, бели коси и само навестување за змеј.

Дејството на серијата е сместено околу 100 години пред оригиналната серија и ќе ја раскажува приказната поврзана со куќата Таргариен, низа кралеви што владееле со Вестерос пред Роберт Баратеон да го преземе престолот и да почнат случувањата со „Игра на троновите“.

Извршен продуцент и режисер е Мигел Сапочник, кој режирал многу епизоди на „Игра на троновите“, вклучувајќи ја и „Битката на копилињата“ и „Долгата ноќ“. Новите епизоди на серијата „Куќата на змејовите“ ќе се емитуваат на HBO и HBO Max.