На Миа Костова заминувањето во Албанија не ѝ тргна како што планираше: „Поима неам како стасав тука“

8 јуни, 2021
mia

Maкедонската екс водителка, а сега инфлуенсерка Миа Костова е активна на социјалните мрежи и редовно ги известува своите следбеници за нејзините новости.

Така, пред неколку месеци таа најави дека летото заминува од Македонија поради работен ангажман и нема да биде во Скопје.

Имено, Миа замина во соседна Албанија каде што ќе биде таму следниот период, а на социјалните мрежи често објавува сториња и покажува како си поминува.

Водителката сега раскажа што и се случило пред да замине и со какви проблеми се соочила.

„ Да ви раскажам што стои зад овие месец дена до тргнувањево наваму и мојот совршен изглед на плажа со сите плус кила што си ги носам од нервози и хаос недели наназад.

Ретроградниов меркур да му се наплукам, направи сѐ да полудам од документи, коли, трансакции и сѐ по список.

Покрај мојот дискус што гордо си го носам, од скоро сум сопственик и на торакален синдром како и тазе дискус на вратни пршлени. Главоболки неподносливи и аналгетици секој ден за да станам од кревет. Поима немам како стасав тука. Сѐ тоа пропратено со анксиозност и панични со кои умирам секои 3-4 саата. Ама си реков, не бе Миа не може да е појако од тебе. Утрово станав во 4:15. Не спијам. Ама има да одам контра колку што ме држи сила, а не е дека некој излегол на крај со мене. Нема ни ова 🙂

Сликава е почеток на едно долго лето баш тука. Со надеж дека ќе почне да ме боли уво за сѐ па и за тоа дека може да полудам или да умрам ама па нарачав аперол, мислам дека е глупо да ти текне на аперол ако стварно умираш.

Ве сакам бескрајно“, напиша Костова.

Се надеваме дека лошиот период е зад Миа, како и дека следните месеци ќе се препушти на уживање и полнење батерии.

Преземено од vistina.com.mk