На што ги троши парите Лепа Брена?

6 април, 2021
na sto brena trosi pari

Со текот на годините, таа собра завидна колекција

Една од најпознатите и според многумина најуспешните sвезди од овие простори секако е 60-годишната пејачка Лепа Брена. Со кариера од три децении, Брена се избори за високо место на ѕвезденото небо на Балканот и без оглед на фактот дека влезе во седмата деценија од нејзиниот живот, нејзините многу помлади колеги би ѝ позавиделе на енергијата што ја зрачи на нејзините настапи.

Но, освен што во годините позади неа, редеше музички хитови, тие ѝ донесоа и финансиски успех, па денес може да се пофали со многу луксузни работи во кои ужива секој ден. Она во што вложуваше најмногу пари со текот на годините секако е недвижен имот, за кој пишуваат регионалните медиуми во повеќе наврати, а најмногу се истакнува семејната вила на Бежанијска коса.

Луксузниот имот во кој живее пејачката и нејзиниот сопруг, поранешниот тенисер Слободан Боба Живојиновиќ, има неколку дневни соби и спални соби, сите опремени со скап мебел. Како што беше напишано пред неколку години, вилата беше ставена на продажба за неверојатни два милиони евра, а како изгледа внатрешноста, можете да погледнете овде.

Исто така, освен домот во кој пораснаа нивните синови Стефан и Виктор и синот на Боба од првиот брак, Филип Живојиновиќ, парот поседува и стан во центарот на Будва, чиј метар квадратен, според „Експрес таблоид“, чини над четири илјади евра.

Сепак, двојката не застана тука, па затоа ја зголемија колекцијата на недвижнини ја наплатата за уште два стана во Белград, едниот во Нов Белград за нивниот син Виктор, а другиот за себе во „Белград на вода“, а според регионалните медиуми, издвоија половина милион евра за станови. Исто така, како големи љубители на патувањето, Живојиновиќи ја проширија својата колекција на недвижнини со вила во Мајами вредна скоро милион евра.

escort - Korsan taksi