На сите им е до врат, само неа преку глава: Еве зошто Ноне никако не може да потоне! (ФОТО)

17 септември, 2021
none

Нона Неделковска или само нагалено Ноне, некогашната македонска поп ѕвезда, денес „најшетаната велешанка“ на светот, заради природата на својата работа на прекуокеанските крузери која ја работи последниве 6-7 години, стигна и до Исланд. најсеверната европска држава, каде и во лето е како кај нас во зима.

Ама, зима, зима, епа што, ако е зима не е лав, важно е да си здрав и прав… и да знаеш, што? Не да се скијаш, туку да пливаш! За оние кои не знаат и покрај студот и снегот, Исланд е познат и по своите гејзери, извори на топла подземна и минерална вода, која и домаќините и туристите ја користат за капење среде зима во формираните езера.

„Каде сите Турци, таму и гол Асан“ – вели една стара поговорка, па така и македонската „џебна венера“ реши да плива и покрај студот. Прекрасната Сина лагуна во исландската престолнина Рејкјавик и топлата вода за неа не беа само предизвик, како што вели самата Ноне, туку нејзин избор. Жива згода, како вистински бал на вода!

Впрочем, како и за многумина што уживаат во ова блаженство… Благодет кој ретко кој од нас може да си го приушти и доживее.  Една од предностите и убавите страни, вистинска чудесија како резултат на нејзината последна професија.

Евидентно е дека водата во Сината лагуна е топла, но не е многу длабока… На капачите, барем на оние со просечна височина им е некаде до гуша, а на Ноне, далеку преку глава!

Арно ама, затоа пак Ноне има нешто што повеќето од нив го немаат и ако се лоши пливачи можат да се удават. А на неа тоа  никогаш не може да ѝ се случи, зашто Ноне, никако не може да потоне!

Природниот појас за спасување на бујно надарената цицлеста македонска убавица е онаа граница која Ноне постојано ја држи над вода!

Што би рекле, две природни пловки и безбедноста ѝ е 100% загарантирана… Како и уживањето во пливањето на уште една егзотична дестинација во блажена атмосфера, на македонската „џебна венера“! Блазе си ѝ!

Преземено од vistina.com.mk

escort - Korsan taksi