НА СРЕД ШОУ: Елон Маск пред милиони гледачи откри дека има Аспергеров синдром

10 мај, 2021
FILE PHOTO: Automobile awards The golden steering wheel in Berlin

Неочекуван пресврт се случи во американското ТВ шоу Saturday Night Live (SNL) кога Елон Маск (49), еден од најбогатите луѓе во светот, кој стои зад Тесла и SpaceX, настапи како домаќин како гостин. Имено, на сред емисија тој реши да открие дека има Аспергеров синдром.

За неговиот здравствен проблем Маск зборуваше за прв пат во популарно американско шоу. Аспергеровиот синдром е невробиолошко развојно нарушување од групата аутистични нарушувања и е поврзано со социјални тешкотии, а се јавува почесто кај мажите.

Во воведното обраќање пред гледачите, Маск рече дека тој е првиот човек со Аспергеров синдром кој го водел „шоуто“, што подоцна се покажало како неточно, бидејќи прв гостин со овој синдром бил канадскиот актер Ден Ајкројд во 2003 година. Маск потоа во американскиот Daily Beast отворено зборуваше за болеста.

Богати претприемачи со Аспергер

Инаку, некои експерти предлагаат луѓето со овој синдром да бидат вработени на места поврзани со технологија, претприемништво или на други занимања и работни места за кои се потребни аналитички вештини.

Бизнис магазинот „Форбс“ го процени богатството на Маск на 166 милијарди долари, а најголемиот дел од богатството доаѓа од ко-сопственост на Тесла и целосна сопственост на SpaceX.

Аспергеровиот синдром го доживеале голем број успешни претприемачи, а од него страдале Алберт Ајнштајн и Исак Њутн, а се претпоставува и дека фиктивниот Шерлок Холмс го има. Њутн зборувал со тешкотии, бил целосно преокупиран со својата работа и незаинтересиран за социјални контакти, а Ајнштајн, наводно како момче, бил осамен кој опсесивно повторувал одредени реченици до својата седма година. Според Јашан Вонг, поранешен колега и пријател на Марк Цукерберг, основачот на Фејсбук покажува и знаци на Аспергер.

escort - Korsan taksi