На Таша Реј „тетовираната кожата и се ежи“ од она што го гледа на социјалните мрежи: „Жално е колку злоба, завист, омраза и јадење г***а, да ми извините, постои!“ (ФОТО)

29 април, 2021
таша реј

Наташа Неделковска или Таша Реј, како што и е уметничкиот прекар, тетоважите и се заштитен знак. Трејд марк, кој го носи речиси по целото тело, па не случајно важи за најтетовираната Македонка… Барем онаа, која јавноста ја познава!

А, тетовираната убавица, која е и модел кој се појавува во видеоспотовите, рекламите, модните едиторијали, фотосесиите на познатите уметнички фотографи кај нас, реши да смени професија, па на играта со објективот и ја придодаде  и убавината и разубавувањето на женското тело, нешто што однеодамна и стана  главна преокупација.

Маникир, педикир, свилени трепки, лифтинг на трепки, ламинација на веѓи, јапонско исцртување на веѓи, депилација… се само некои од услугите кои можете да ги најдете во најзината „соба за разубавување“.

И додека Таша мака мачи со кадровско екипирање и комплетирање на персоналот, па за соа напомош ги повика социјалните мрежи споделувајќи оглас за потреба од фризерка, тетовираната убавица – сега и газдарица, не можеше да не забележи нешто, што очигледно многу ја изнервира.

Преземено од vistina.com.mk