НА ВЕРЕНИЦАТА НА РОНАЛДО ПОВТОРНО Ѝ СЕ СМЕЕ ЦЕЛ СВЕТ: Оваа жена баш и не знае добро да се облече!

17 јули, 2021
254251_georginarodrigez_ls

Ноќта на Канскиот филмски фестивал беше многу интересна. Дамите повторно дадоа се од себе да ги импресионираат модните експерти, а најголемо внимание сепак привлече свршеницата на Кристијано Роналдо, Џорџина. Сепак, причината воопшто не е убава.

Имено, познавачите на модата едногласно се согласија дека ова е еден од најголемите модни неуспеси на овогодинешниот фестивал.

Georgina Rodrigez

Иако беше на мета на критики, Џорџина гордо позираше во кафеав фустан кој ги истакнуваше нејзините облини. Кожни детали, длабок шлиц и дијамантски накит, ништо од тоа не беше доволно за да остави добар впечаток ниту овој пат.

Georgina Rodrigez

“Бојата и кројот се целосно промашување. Јас ѝ препорачувам следниот пат да се консултира со стилисти”, “Оваа жена не знае што е добар стил”, се само некои од коментарите што можеа да се слушнат.