НАЈДОБРО СТИЛИЗИРАНИТЕ МАЈКИ И ЌЕРКИ ОД ХОЛИВУД: Од нив ја наследиле убавината, но и СТИЛОТ! (ФОТО)

17 мај, 2021
249973_profimedia0491222427_ls

Па да видиме кои сѐ се на списокот…

Мајките често влијаат на своите ќерки, особено кога станува збор за градење личен стил. Исто е и во светот на Холивуд, за што сведочат следниве примери.

Синди Крафорд и Каја Гербер

Дека плодот не паѓа далеку од дрвото, потврдува ова модно дуо. Синди е една од првите супер модели, а нејзината ќерка Каја очигледно успешно ги следи стапките на нејзината мајка.

Бијонсе и Блу Ајви Картер

Поп-пејачката секогаш изгледа беспрекорно и бестрашно, а тоа се модните квалитети кои ги пренесе на нејзината млада наследничка.

Ванеса Паради и Лили Роуз Деп

И мајката и ќерката се музи на престижниот бренд „Шанел“ многу години, па затоа често го носат заедно на модни ревии како модели.

Ким Кардашијан и Норт Вест

Покрај тоа што имаат плакари полни со исклучиво скапи и брендирани гардероби, Ким и Норт имаат и многу пребирлив моден вкус.

Јоланда Фостер, Џиџи и Бела Хадид

Не е изненадување што Џиџи и Бела доминираат на модните писти, бидејќи имаа време да научат. Имено, нивната мајка Јоланда е исто така позната манекенка.

Викторија Бекам и Харпер Бекам

Бидејќи Викторија по нејзината музичка кариера успешно премина во дизајнерските води, нејзината ќерка Харпер секогаш изгледа беспрекорно.

Лиза Боун и Зои Кравиќ

Освен што добро се облекуваат, интересно е што Лиза и Зои имаат многу слични стилови. Ова значи дека обете сакаат необични комбинации, со доза на рокерно влијание.

Џејда Пинкет Смит и Вилоу Смит

Џејда претпочита класичен стил, додека Вилоу повеќе се наклонува на еклектицизам. Иако нивните пристапи кон модата се разликуваат, тие двете успеваат да изгледаат одлично.

escort - Korsan taksi