Најголемиот шармер во Велика Британија шокираше со изгледот: Актерот фотографиран како шета во занемарено издание

7 јануари, 2021
шармер

Британскиот актер Џуд Ло (48) беше фотографиран со неговата сопруга Филип Кохан (33) и нивното дете на прошетка низ Лондон.

Имено, славниот актер беше фотографиран во многу лошо издание – изгледа многу постаро, ќелав е на горниот дел од главата, а тој е облечен, како што велат обожавателите, како клошар.

Џуд одеше во беж крзнено палто, црни широки панталони и кафеави чизми, додека носеше беж шал околу вратот, а може да се забележи дека крзненото палто беше многу збрчкано, како и дека косата беше залепена, поточно мрсна.

Неговата сопруга Филип туркаше количка со бебето, а таа имаше кафеаво палто, црна шамија и кафени очила за сонце. Двајцата не носеа заштитни маски, но се држеа на дистанца од другите луѓе, со цел да се заштитат себе си и своето дете од опасниот вирус корона, чија пандемија беснее веќе една година.

„Што носеше тој?“, „Не го препознав“, „Изгледа како скитник“, „Тој е многу запуштен“, беа само дел од коментарите на неговите обожаватели кога ги видоа споменатите фотографии.

escort - Korsan taksi