Најголемите фотошоп гафови на познатите сестри Кардашијан: Моменти кога беше повеќе од очигледно колку ,,се заиграле” со монтажата!

7 април, 2021
фотошоп гафови на кардашијан

Членовите на кланот Кардашијан-Џенер веќе неколку пати биле разоткриени од нивните следбеници откако претерале со Фотошоп на нивните фотографии.

Клое Кардашијан е во центарот на вниманието на јавноста по нејзината фотографија во природно издание во кое никогаш не ја гледаме, а која се најде на социјалните мрежи. Се чини дека за сѐ е виновна нејзината асистентка.

ПР тимот на реалити-шоу кланот Кардашијан-Џенер се обидува што побрзо да ја отстрани сликата од Интернет и има полни раце работа. Имено, контроверзната фотографија ја покажува 36-годишната Клои како стои покрај базенот во оскудно бикини, а таа изгледа малку поразлично отколку во оние објави што ги споделува на својот Инстаграм профил, кои очигледно се резултат на добриот Фотошоп и бројните филтри.

Но, фотографијата, објавена без одобрение, покажува дека Клои не изгледа толку совршено како што се обидува да покаже, особено кога го рекламира својот бренд. Нејзиниот струк е поголем отколку на фотографиите на Инстаграм, облините се помали, а кожата во никој случај не е затегната како што изгледа нормално. Иако Клое всушност изгледа прилично убаво во овој случај и без Фотошоп, таа не сакаше да заврши на Интернет со оваа слика.

Сепак, ова не е прв пат едно риалити семејство да има таков гаф и сите ја видоа разликата во нивниот изглед кога не користат Фотошоп на сликите.

Добар пример е Ким Кардашијан од одмор во Мексико во април 2017. Таа за својот профил на Инстаграм позираше во танга и го истакна совршениот буен задник. Подоцна беше фотографирана од папараците кои покажаа дека таа всушност го ,, фотошопира” целулитот од нејзините фотографиi. Ким се оправда дека не е во најдобра форма и не вежбала 12 недели пред да биде фотографирана.

Клои беше нападната во последните неколку недели затоа што користела премногу фотошоп на фотографиите направени за нејзината линија облека. Позирала во фармерки, потпетици и градник седејќи на софа покрај базен, а нејзините фанови се збуниле зошто има толку долги стапала и прсти.

„Кој го направи овој Фотошоп?“, „Ова изгледа чудно“, „Овие прсти ме исплашија“, „Ова не е Клои“, „Кои стапала“, „Овие чевли се со големина од 45“, „Изгледа како убиец на хоророт  „Slender Man“, коментираат тие.

Кардашијан објавуваше за сè на Твитер во неколку објави во последните 24 часа. “Мислам, како некој можеше да поверува дека оваа големина е на моите стапала?! Тоа е заради аголот на фотографирање и леќата на фотоапаратот. И јас лично мислам дека леќата на фотоапаратот е *** ено кул. Ѝ  дава на фотографијата поинаква вибрација и не е истата визуелизација како вообичаено.Како и да е, „Среќна сум со фотографиите“, напиша реалити sвездата.

Подоцна позираше топлес со раце кои ги криеја градите, но многумина го игнорираа тоа и се прашуваа дали тоа навистина е таа. Имено, на спорната фотографија нејзините нозе се скоро нереално издолжени, а се чини дека со лицето помина низ неколку филтри. Клои со тоа предизвика збунетост, но ги загрижи и следбениците. Тие ја обвинија за лош Фотошоп и ја прашаа што се случува со нејзиното лице и тело и зошто го прави тоа.

Минатата година беше и во центарот на настаните кога обожавателите ја молеа да престане со корекциите на лице, а кога беа прикажани епизоди од шоуто „Keeping Up with Kardashians“, стана јасно колку таа ги уредувала фотографиите. Толку се ,,заиграла” што случајно го тргнала ѓерданот.

Кортни Кардашијан исто така не можеше да одолее малку да ги среди своите слики, а тоа најдобро се виде на празничните фотографии во јули 2019 година. Таа сподели слика на која позира на карпите во жолто бикини и нема дамки на телото. Но, тогаш папараците ја снимаа и можеше да се види како всушност вистински изгледа нејзиното тело и до која мера ја фотошопирала објавата.

Фановите на Кортни ја фалат како најреална од сите членови на кланот Кардашијан-Џенер и единствената што призна дека направила пластична операција. Имено, во средно училиште отишла на операција на градите.

Таа исто така се посрамоти во март 2019 година кога објави фотографија на која е целосно гола во када полна со пена. Следбениците на Инстаграм ја нападнаа нејзината фотошопирана слика бидејќи нејзината лева нога е многу подолга од десната.

Ниту најмладиот член на познатото риалити семејство не остана имуно на Фотошоп. Кајли Џенер можеби се зезнала најмногу затоа што ги уредувала фотографиите од Мет Галата за 2017 година што може да се видат во многу медиуми истовремено затоа што се направени од агенции за фотографии. Таа ги ,,уредила” половината, веѓите, но и дизајнерката Донатела Версаче со која позираше.

Во април минатата година, Кајли се посрамоти со уредување на фотографија на која се наоѓа во базен. Имено, се виде дека таа користи Фотошоп затоа што го смени работ на базенот. Таа набргу ја избриша објавата од Инстаграм.

Кендал Џенер тргна по стапките на нејзините сестри и јавноста ја исмејуваше затоа што ги уредила нејзините фотографии за да личи на популарната кукла Барби. Манекенката потклекна на Фотошопот и во февруари оваа година.

Таа позираше на колена во бикини и направи селфи, а нејзините следбеници од изгледот на нејзиниот папок забележаа дека  ,, се заиграла”.

escort - Korsan taksi