Најмоќната жена на Светот: Животот се менува, војните започнуваат и се завршуваат, a таа останува на тронот – Ова е животната приказна на кралицата Елизабета Втора

12 јуни, 2021
158959_profimedia0209871430_ff

Многу луѓе во Велика Британија не се сеќаваат на земјата без владеењето на кралицата Елизабета Втора. Нејзиното владеење, се разбира, не може да трае бесконечно. Кога ќе дојде време да го напушти овој свет, тоа ќе биде стресно за Британците, но и за целиот свет.

Елизабет Александра Мери е родена како прво дете на принцот Алберт од Јорк и лејди Елизабет Боус-Лион. Бидејќи традицијата е престолот да биде наследен од маж, јавноста беше многу заинтересирана за малата принцеза, но шансите таа некогаш да го наследи тронот беа оценети како многу мали.

Сепак, тоа не го намали интересот за неа, па се најде на насловната страница на престижното списание „Тimes“ за нејзиниот трет роденден. Симпатичната, русокоса девојка, со сини очи и буцкасти образи ги освои срцата на луѓето ширум светот.

Друга чудна околност во животот на младата Елизабета е дека нејзиниот татко не сакал таа да остане принцеза.

Му предлагале на својата ќерка да и даде титула принцеза од Велс, но тој одбил, бидејќи таа титула се доделувала на сопругата на престолонаследникот, па доколку би имал син, би морал да и ја одземе на Елизабета. Тој тврдоглаво се држел до овие идеи и никогаш не се покајал.

Кога чичкото на Елизабета Едвард VIII абдицирал во 1936 година, нејзиниот татко, принцот Алберт, станал крал Џорџ Шести и таа го наследила престолот. Уживала во идната титула и живеела живот на принцеза до почетокот на војната.

Елизабета имала само 13 години кога започнала Втората светска војна, а кога вооружениот конфликт ја зафатил Велика Британија, таа била евакуирана заедно со нејзината сестра, принцезата Маргарет.

Меѓутоа, во 1940 година, таа се приклучила на армијата, каде што работела како возач и механичар. Патем, таа е единствената жена од кралското семејство која поминала воена обука, како и единствениот жив шеф на државата, којшто учествувал во Втората светска војна.

Неколку години подоцна, Елизабета се омажила за грчко-данскиот принц Филип, со кого е во сродство од трето колено. Поради неговиот брак со неа, принцот Филип се откажал од титулата, бидејќи тој морал да се преобрати од православна вера во англиканска и така станал принц од Единбург. Во 1948 година, Елизабета го роди првото дете, принцот Чарлс, а потоа и принцезата Ана, како и принцовите Ендру и Едвард.

Кога кралот Џорџ IV починал, на 6 февруари 1952 година, принцезата го зела владетелското име Елизабета Втора. Таа е прогласена за кралица на Канада истиот ден, а веднаш следниот ден и во Велика Британија.

Церемонијата се оддржала на 2 јуни 1952 година и тоа било еден од најголемите настани што го следел целиот свет. Тоа бил и првиот кралски настан којшто бил емитуван на телевизија.

Почетокот на нејзиното владеење го обележа постепеното исчезнување на Британската империја, сиромаштијата на Велика Британија. Подоцна, сè се смени и Елизабета стана владетелка која посети најмногу земји во светот, дури 116.

Таа е еден од најдолговечните монарси на модерното време и е многу популарна во нејзината земја.

escort - Korsan taksi