НАЈПОПУЛАРНОТО ДЕВОЈЧЕ СО ПЛЕТЕНКИ И ПЕГИ Пипи Долгиот Чорап денес има 61 година и работи како секретарка, ќе се изненадите како изгледа (ФОТО)

12 февруари, 2021
pipi_1000x0

Омилениот лик со кој израснаа генерации

Актерката Ингер Нилсон прва го оживеа славното девојче Пипи Долгиот Чорап, уште во 1969 и 1970 година, кога легендарната серија и филм беа базирани на истоимената книга на шведската писателка за деца Астрид Линдгрен.

Инаку, вистинското име на актерката е Кетрин Ингер Моника Нилсон, а во моментов има 61 година.

Живее во Стокхолм и работи како секретарка, а повремено прифаќа и театарски улоги.

За улогата на Пипи Долгиот Чорап, со која пораснаа многумина, во 1975 година ја освои наградата TP de Oro за „најпопуларен лик“.