НАЈСТРАШНОTO ИСКУСТВО Поради страв од смрттa, пејачката дури и го сменила тестаментот: Пинк се исплашила за сопствениот, но и за животот на нејзиниот син, па дури и размислувала да се збогува!

5 мај, 2021
pink_1000x0

Пинк претходно раскажа како се испаничила кога почнала тешко да дише

Пејачката Пинк имала корона во март минатата година, а покрај неа бил заразен и нејзиниот четиригодишен син Џејмисон.

Тогаш Пинк имала проблеми со дишењето, а нејзиниот син долго време имал висока температура. Сега, за време на гостувањето во Радио „ Heart “, таа рече дека мислела дека ќе умре.

„Ова ќе звучи лудо, но короната ја имавме минатата година, многу рано, во март. Беше навистина лошо, па го менував својот тестамент. Знаете, во тоа време мислев дека е готово со нас“, изјави Пинк.

„Во тоа време, ми беше важно само да ѝ кажам на Вилоу колку ја сакам. Како родител, размислував што ќе му оставам на моето дете, дали ќе успее во светот, што треба да им кажам за последен пат“, додаде пејачката.

Пинк претходно раскажа како се испаничила кога почнала тешко да дише.

„Размислував да одам во болница, но во исто време не знаев што да направам. Единственото во што бев сигурна беше дека ова е најстрашното искуство во мојот живот“, рече таа.