Наоми Кемпбел се оствари во улогата на мајка на 51 година: „Нема поголема љубов“

19 мај, 2021
profimedia-0470876893

Една од најпознатите и најплатените манекенки во светот, Наоми Кембел, се пофали на социјалните мрежи дека на 51 година станала мајка. Имено, како што вели, конечно се роди девојче.

„Прекрасен мал благослов ме избра да бидам нејзината мајка. Чест ми е што имам таква нежна душа во мојот живот. Нема зборови со кои може да се опише животната врска што сега ја споделувам со тебе, ангелче. Нема поголема љубов“, напиша Наоми во описот на фотографијата на која ги покажува нозете на нејзината наследничка. Таа не откри никакви дополнителни детали.

naomi campbell

Бројни следбеници ја преплавија објавата со позитивни коментари. Повеќето, судејќи според коментарите, беа шокирани со оглед на тоа што Наоми порано не зборуваше за мајчинството. „Честитки. Девојчето е круна на вашата кариера и живот. Ова е вашата најголема победа. Ќе видите наскоро“, се само некои од коментарите под објавата.

Инаку, во едно од последните интервјуа што ги даде, таа откри дека сè уште нема намера да се откаже од модниот свет. „Тие рекоа дека ќе издржам само 11 години, но денес славам 34 години во светот на модата! Се чувствувам благословено и благодарна на Бога. Никогаш не помислував дека ќе дојде денот кога ќе пренесам таква порака“, рече Наоми, родена во лондонскиот кварт Стритем како ќерка на 19-годишната Јамајканка Валери. Кембел никогаш не го запознала својот татко, кој ја оставил нејзината мајка кога таа била во четвртиот месец од бременоста, па затоа решила да го земе презимето Кембел од вториот брак на нејзината мајка. Валери никогаш не и го открила идентитетот на нејзиниот татко, а подоцна изјавила дека жали за одлуката.