„Напишав книга. Ми велат, како најголем фраер на планетава да ја напишал“, се пофали Врчак со новиот предизвик

26 март, 2021
vrcak

Македонскиот пејач и композитор, Раде Врчаковски Врчак, откри дека напишал книга. Откако неодамна се пофали дека во Америка снимил албум на англиски во „Парамоунт студио“ со продуцентите на Бруно Марс, сега вели дека е готова и книгата на англиски, која ќе ја издаде наскоро. Врчак не го откри насловот на книгата, ни темата за која пишувал, но вели дека ја напишал на англиски заради поголем комерцијален успех.

„За време на корна изолацијата, напишав книга, поврзана со албумот. Преубава е книгата, мојот пријател Чедо ја прочита и вели како најголем фраер на планетата да напишал најубава љубовна книга која ќе има најголем комерцијален успех во срцето на планетата, а на англиски е за максимален практичен успех“, напиша тој на „Фејсбук“ и откри дека по завршувањето на короната, ќе излезе и албумот што го сними неодамна.

Раде Врчаковски-Врчак беше многу популарен во времето кога македоската музичка сцена имаше прогрес, а потоа се повлече од јавноста.

Преземено од info.mk

escort - Korsan taksi