НАСКОРО ЌЕ ГИ ИМА ПОВЕЌЕ? Заради ОВАА фотографија сите мислат дека Хејли Бибер е трудна!

16 септември, 2021
Justin-i-Hailey-Bieber

Младата канадска sвезда Џастин Бибер и неговата сопруга Хејли Бибер, со која се ожени пред три години, беа меѓу најзначајните гости на овогодинешниот Мет Гејл.

Сепак, она што привлече посебно внимание во јавноста се фотографиите на кои Џастин го допира стомакот на Хејли, поради што многумина се убедени дека неговата сопруга е бремена.

„Можно е Хејли да е бремена“, напиша еден од следбениците на Твитер.

За оваа прилика, Хејли и Џастин навистина се усогласија со модата. Непогрешливата Хејли избра црн тесен фустан со низок крој, а нејзиниот сопруг носеше црн костум и бели патики.

Патем, ова е прво заедничко појавување на парот на Мет Гала. Нивната врска често се нарекува вечни подеми и падови. Неодамна, на интернет кружеше видео во кое Бибер викаше по својата сопруга пред толпата луѓе, а таа само молчеше, што ги натера фановите да се грижат за нејзината безбедност.

Justin i Hailey Bieber

„Минатиот викенд беше неверојатен. Мојот најдобар дел е што бев опкружен со толку многу љубов. Се друго што кружи е лажно. Не се хранете со негативност“, напишала тогаш Хејли со фотографија на која споделува бакнеж со сопругот и ги прекинала шпекулациите за неговото насилство.