НЕ Е НЕВЕРСТВО Откриена е вистинската причина за раскунувањето на Џеј Ло и Родригез

1 мај, 2021
profimedia-0597164377

Многумина го обвинија за раскинувањето, но сега се појави извор кој фрли сосема ново светло на причината за раскинувањето на славната двојка.

Поп-sвездата и актерка, 51-годишната Џенифер Лопез и нејзиниот до неодамна 45-годишниот свршеник, поранешниот бејзбол играч Алекс Родригез, неодамна официјално потврдија дека ја раскинале нивната двегодишна свршувачка и врска. Потврдата дојде еден месец откако започнаа да кружат гласини за нивниот влошен однос, по што се чинеше дека работите се враќаат во нормала, бидејќи А-Род во два наврати ја посети Лопез во Доминиканската Република, каде што го снимаше филмот Shotgun Wedding.

Но, наместо да ја поправи врската, таа на крајот раскина. Првите обвинувања за причината за прекинот отидоа во насока на вина на Родригез. Имено, некои странски медиуми објавија приказна за тоа како Родригез наводно ја изневерувал актерката и пејачка за време на нивната врска, што тој јавно демантираше. Обид да се „залечат раните“ во таа збунувачка врска, Родригез не успеа. Според неименуван извор, поранешната двојка постојано се карала во Доминиканската Република. „Поминаа време расправајќи се за нејзините љубоморни испади и тој побегна да игра голф за да го избегне нејзиното досаѓање. Последната расправија беше страшна, Алекс повеќе не можеше да издржи и раскинаа “, изјави извор за „Entertain Times“.

Со оглед на тоа што Лопез и А-Род имаат заеднички средства и финансии, тие ќе мораат да се погрижат поделбата да се изврши во што е можно поправилни односи. Можеби затоа се сретнале по ракинувањето во еден ресторан, каде што ги снимиле папараците. Тие исто така се поврзани со децата кои имаат развиено блиски односи за време на нивната врска.

escort - Korsan taksi