НЕ ГУБАТ ВРЕМЕ: Џеј Ло ги пакува куферите и започнува заеднички живот со Бен Афлек

9 јуни, 2021
Dzenifer-Lopez-i-Ben-Aflek-0614043330

Колку е среќна една од најпознатите жени на Светот, покажува и насмевката на лицето, која не ја симнува последните недели

Латино-дивата Џенифер Лопез ја обнови старата врска со актерот Бен Афлек по раскинувањето со 45-годишниот поранешен бејзбол играч Алекс Родригез.

Гулабите не го објавија тоа јавно, но не можеа да избегаат од папараците, кои ги фатија додека беа на романтично патување во Мајами.

Тие поминуваат сè повеќе време заедно, а странските медиуми пишуваат дека одлуката за заеднички живот сега е донесена. Имено, како што пренесуваат странските медиуми, Џенифер ќе се пресели во Бен во Лос Анџелес.

Не е познато кога тој ќе започне со преселбата, но извор близок на пејачката изјави дека сака да ја направи Калифорнија свој нов дом. Со овој потег, Џеј Ло сака да започне ново поглавје во својот живот.

„Размислуваат околу сите можни партнерства, само небото е нивна граница. Сè е во наоѓање заедничка точка и одржување на врската. Тие се толку среќни што повторно се заедно“, вели изворот.

Колку е среќна една од најпознатите жени на Светот, покажува и насмевката на лицето, која не ја симнува последните недели, а тоа го забележаа бројни обожаватели кои со ентузијазам ја прифатија веста за смирувањето.

Повеќето коментатори се согласија дека Џен и Бен се два родени духови и тие нетрпеливо чекаат да живеат заедно.

Погледнете повеќе од нивните фотографии во галеријата:

escort - Korsan taksi