Не престанува да ги дели милијардите што ги доби од разводот, а нејзиниот поранешен сопруг се чини е подготвен да го направи следниот чекор со жената која им го уништи бракот

17 јуни, 2021
Screenshot_6

Милијардерката Мекензи Скот, поранешна сопруга на основачот на Амазон, Џеф Безос, донираше уште 2,7 милијарди долари на хуманитарни организации.

Скот објави на својот блог дека сака да донира пари за оние „кои биле недоволно финансирани и запоставени низ историјата“.

Таа избра 286 организации кои се занимаваат со уметност, образование и борба против расната нееднаквост.

Скот е една од најбогатите жени во Светот. Голем дел од нејзиното богатство се стекна во 2019 година, откако се разведе од Безос, моментално најбогатиот човек на Светот.

Скот доби четири процентен удел во Амазон како дел од тужбата за развод, откако му помогна да го лансира технолошкиот гигант во 1994 година.

Во декември, Скот објави дека за само четири месеци донирала повеќе од 4 милијарди долари во добротворни организации водени од жени, банки за храна и колеџи за Афроамериканци.

И покрај донациите, Скот е 22-та најбогата личност во светот „тешка“ 59,5 милијарди долари, објави магазинот „ Forbes “.

МекКензи и Безос беа во брак 26 години и заедно имаат три сина и ќерка, а по разводот се омажи за професорот Ден Џевет, кој предава во гимназијата на нивните деца.

Пред да се разведат, излезе на виделина аферата на Џеф со водителката Лорен Санчез, во која тој се вљуби и за која беше подготвен да го уништи своето семејство.

Двојката повеќе не се крие од јавноста и се чини дека тие решија да ја одведат својата врска на ново ниво бидејќи Лорен беше фотографирана со огромен прстен со дијамант на нејзината рака, што предизвика гласини за нивната свршувачка.

escort - Korsan taksi